По уште еден кикс, ѕвездата на Барселона го напушти „Камп Ноу“ во солзи (ВИДЕО)

Барселона вчера ремизираше со Кадиз на „Камп Ноу“ во 24-то коло од Ла Лига, а многу навивачи на Барселона го обвинија стоперот Клемент Ленгле за новата глупост. Французинот направи пенал во 89-та минута од кој Фернандез го постигна голот за конечни 1-1, а по натпреварот Клемент доби серија навреди на социјалните мрежи.

Не беше тоа неговата прва грешка оваа сезона, па се повеќе се зборува дека ќе го загуби своето место во првите 11 на Барселона. Неговата последна грешка беше многу тешка, па не можеше да ги сокрие солзите на излезот од стадионот.

Навивачите на Барселона кои беа пред стадионот снимија видео на кое се гледа како стоперот во солзи го напушта стадионот, па брзо стана вирално на социјалните мрежи.

Се вчитува...