„Побарав трансфер, а Мурињо ми рече дека сум ретардиран“

Кандидо Коста своевремено важеше за голем талент на португалскиот фудбал, беше стандарден во младинските селекции во оваа земја, а на клупски план беше член на Порто. Сепак, овој фудбалер направи огромна грешка при одлуката да си замине од Порто поради малата минутажа што ја имаше кај Жозе Мурињо, а обелодени и како течел разговорот кога побарал трансфер.

„Имав само 21 година кога во 2003 влегов во канцеларијата на Жозе Мурињо, да го замолам да ме пушти да си заминам од клубот. Бев глупав, навивачите ме сакаа, бев важен играч во младата репрезентација, но во Порто играв многу малку. Кога му реков што сакам, Мурињо само ми рече дека сум ретардиран“, открива Кандидо Коста.

Тој сепак признава дека одлуката што ја донел во клучниот дел од кариерата била погрешна.

„Имав две солидни сезони, мислев дека морам да играм бидејќи тоа ќе е моментот што ќе ми ја дефинира кариерата. Си заминав од Порто, а тимот таа сезона ја освои Лигата на шампионите. Кога се вратив, Мурињо веќе беше во Челси, но јас не го достигнав нивото што го посакував“, истакнува Коста.

Се вчитува...