Победа го одбрани трофејот на „Вуко Каров“

Македонскиот прволигаш Победа е освојувач на годинашното издание на традиционалниот фудвалски турнир „Вуко Каров“ во Кавадарци. Прилепчани го одбранија пехарот освоен лани, откако во финалето беа убедливи против домашниот тим на Тиквеш со 6-0.

Разликата во квалитет на овој дуел беше очигледна. Лука Трајкоски уште во четвртата минута го отвори резултатот во корист на Победа, а Николче Шаркоски во 19.минута зголеми на 2-0. Искусниот Благоја Гешоски само четири минути подоцна постигна трет гол за прилепчани, а Јорданчо Наумоски во 32.минута погоди од слободен удар за 4-0.

Во вториот дел, Лука Трајковски и Благоја Гешоски постигнаа уште по еден гол за конечни 6-0 во корист на Победа.

Се вчитува...