Победа го врати дефанзивецот Колевски во своите редови

Победа се засилува во пресрет на пролетниот дел од првенството во Првата лига. По промената на раководството, доведени се неколку засилувања, а најновото име е централниот дефанзивец Валентин Колевски, кој по една година се враќа во ФК Победа.

27 – годишниот Колевски, кој во есенскиот дел на тековната сезона настапуваше за Новаци, се враќа во клубот каде бележеше забележителни настапи и се очекува да ја засили последната одбранбена формација пред голот на Тофилоски.

Во сезоната 2015-2016, кога Победа ја освои шампионската титула во Втората лига, Колевски имаше најголема минутажа, а претходната 2016-2017, кога црвено-белте дебитираа во Првата лига, настапи на 13 натпревари. Во досегашната кариера Колевски ги бранел боите уште на 11 Октомври, Локомотива и на Напредок.

Се вчитува...