Победа и пораз за кадетите на првиот ден на Медитеранските игри

Македонската кадетска репрезентација имаше половичен учинок на стартниот дек од натпреварувањата на Медитеранските игри во Атина. Нашите млади ракометари забележаа победа против Мароко од 21-17 во вториот денешен натпревар, претходно загубија од Шпанија со 21-14 во воведната средба.

Против Мароко, кадетите беа најубедливи во втората чтвртина која им припадна со 8-4, претхдно воведната третина заврши нерешено 5-5, а во последниот сегмент беше 8-8, но нашите ракометри веќе ја имаа обезбедено победата кога поведоа со 18-11 во 40 минута. До крајот, Мароканците го ублажија поразот.

Во дуелот со Шпанија, македонските кадети ги загубија сите три четрвртини, во првата беа конурентни и беа само во еден гол негатива (8-7), во вториот дел беа најслаби, го загубија со 8-4, а третиот дел заврши со 5-3 во корист на Шпанците.

На Медитеранските игри, натпреварите се играат по изменет систем, со три четвртини од по 15 минути. Утре, македонските кадети ќе се сретнат со Тунис и со Хрвтска, а в среда ќе играат натпревари против Црна Гора и против Турција.

Се вчитува...