Победа и Тиквеш во финалето на „Вуко Каров“

Прилепска Победа и домаќинот Тиквеш ќе играат во утрешното финале на 18. Традиционален турнир „Вуко Каров“ кој се игра во Кавадарци.

Во полуфиналните пресметки Победа славеше убедливо со 5-1 против второлигашот Металург, додека Тиквеш по изведувањето на пеналите со 4-2 беше подобар од Борец, откако во регуларниот дел дуелот заврши без голови.

kavadarci stadion

Победа до триумфот против „металурзите“ стигна со погодоците на Рамон во 23. минута, Војводиќ во 44. минута, Карчески во 54. и во 59. минута и Цветаноски во 65. минута.

Се вчитува...