Македонскиот прволигаш Победа вечерва го ангажираше десеттото засилување во зимскиот преоден рок, кој завршува на 11. февруари. Нов член на „црвено – белите“ е долгогодишниот член на белградските „црно – бели“, Стефан Грбовиќ. Станува збор за млад 23-годишен дефанзивец кој настапува на позицијата десен бек, а може да игра и како стопеер, и во Прилеп доаѓа од српскиот прволигаш Телеоптик. Тоа е клуб кој е филијала на белградски Партизан каде „црно – белите“ ги праќаат на калење сите свои талентирани фудбалери.
Грбовиќ, кој е роден во Крагуевац, од 10-годишна возраст е член на Партизан, каде ги минал сите селекции, а има повеќе настапи за младите селекции на Србија. Со неговиот ангажман се очекува тренерот Бубања да добие квалитет повеќе на десната дефанзивна странична линија и на цврстина и сигурност во одбранбената формација на Победа. Грбовиќ утре ќе го има својот прв тренинг со соиграчите од 11 часот на теренот на Могила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА