Победа на Ландо Норис во Мексико

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е победник на трката за ГН на Мексико. Со овој триумф, Норис го мина Оскар Пјастри во генералниот пласман на возачи во Формула 1. 

Второто место со многу среќа му припадна на Шарл Леклер, додека трет беше Макс Ферстапен.

Трката почна многу турбулентно, каде главниот збор го имаше Ферстапен. Холанѓанецот уште на првата кривина се обиде да го мине Хамилтон, па мораше да се врати на патеката преку тревата, што придонесе да остане на истото место.

Возачите на Ферари имаа добар почеток на трката, дури и Шарл Леклер успеа да го заобиколи Ландо во еден момент од првиот круг, но беше принуден да му го отстапи првото место на Норис. Во третиот круг веќе следуваше нова борба меѓу Хамилтон и Ферстапен, што на крајот резултираше со казна за Британецот поради тоа што излета од патеката и ја скрати кривината.

Се вчитува...