По вчерашниот триумф во спринтот Марк Маркез стигна до победата и на главната трка за големата награда на Римини која се вози на патеката Марко Симончели. Возачот на Дукати до триумфот стигна пред неговиот брат Алекс Маркез, а подиумот го надополни Педро Акоста на КТМ.
Четвртото место му припадна на Фермин Алдегер, додека петти заврши Хорхе Мартин. Марко Беѕеки не ја заврши трката откако уште во вториот круг кога имаше предност направи голема грешка по која излета од патеката.
Со оваа победа Маркез се израмни на врвот во генералниот пласман со Хорхе Мартин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
