Победа неочекувано поразена од Велазерими пред заминување од Охрид

Прилепска Победа сосема неочекувано загуби на последниот пријателски натпревар за време на подготовките во Охрид.

На денешниот дуел на СРЦ „Билјанини извори“, прволигашот загуби со 1-2 (0-2) од кичевскиот второлигаш.

Велазерими победата ја осигура уште во првото полувреме со два гола постигна по грешки на одбраната на прилепчани. Победа потоа имаше бројни шанси за погодок, но во второто полувреме успеа да искористи само една преку Карчески во 65. минута од натпреварот, за конечни 1-2.

Се вчитува...