Победа поразена од Борац Чачак… (видео)

Македонскиот прволигаш Победа загуби од српскиот клуб Борац Чачак со 1-3 на денешниот пријателски натпревар што се одигра во Охрид. На стадионот „Билјанини извори“ чиј терен беше речиси замрзнат, гостите од Србија подобро се снајдоа, беа поконкретни и ги искористија своите шанси.

Борац поведе во 39. минута од прекин на игра. Беше нафрлена топка директно кон голот на Победа, не беше зафатена од ниту еден одбранбен фудбалер на Победа и таа заврши во спротивниот агол од голот на Талески.

pobeda

Во вториот дел, со головите на Тијаго и на Михајловиќ, фудбалерите на Борац Чачак стигнаа до убедливи 0-3, а почесниот погодок за Победа го постигна Гешоски со удар од белата точка во 88. минута од натпреварот. 

Се вчитува...