Победа со двајца дефанзивци го заокружи списокот на засилувања

Прилепска Победа дефинитивно е најактивниот македонски прволигаш во овој преоден рок. Како што јавуваат од раководството на овој клуб, прилепчани списокот на засилувања го заокружија со потпис на двајца млади дефанзивци, 22-годишниот Виктор Велкоски и 19-годишниот Андреј Петкоски.

Велкоски во Победа доаѓа од прволигашот Скопје, каде беше стандарден првотимец во есенската полусезона каде пропушти само два натпревари. Велкоски е продукт на школата на Вардар, каде ги минал сите категории, а настапувал уште за Пелистер во Првата и Љубанци во Втората лига.

Андреј Петкоски по неколку години се враќа во родниот Прилеп. По настапите за 11 Октомври и Кожув тој запишувајќи се во фудбалската академија во Скопје неколку години настапуваше и беше меѓу најзабележителните во школата на ФК Работнички. Минатата пролет настапуваше за тогашниот прволигаш Хоризонт Турново, а есенската полусезона за второлигашот Победа Валандово. 

Воедно, ФК Победа ја информира јавноста дека поради некомплетна документација и проблеми на релација играч – претходен клуб се повлече од реализација на трансферот на српскот интернационалец Стефан Грбовиќ.

Се вчитува...