Победа со пресврт за Јанев на ЕП до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија. Тој денеска го победи Емил Торн од Финска по голема борба и пресврт во мечот со 2-1 во сетови (46 64 75).

Во следното коло Јанев ќе игра против Јакуб Куси од Чешка.

На шампионатот вчера настап имаше и Ерион Незири, кој загуби од Лукас Ериксон од Финска со 2-0 во сетови (75 61). Кај девојчињата Мила Јовановски и Ирина Пиштолова ги загубија мечевите. Јовановски од Елеонора Тонева од Бугарија со 2-0 во сетови (64 63), а Пиштолова загуби од Лидија Бринман од Ирска со 2-0 во сетови (61 64).

Македонските тенисери во двојки (Јанев – Незири) ќе играат против Калојан Шиков и Александар Толев од Бугарија, а девојките Јовановски –  Пиштолова за противнички ги имаат Димитра Кумуцеа и Катарина Устабасиду од Грција.

Се вчитува...