Победа со убедлив пораз (0-3) од босанскиот тим Крупа

Македонскиот прволигаш Победа доживеа уште еден пораз на меѓународните пријателски натпревари што ги игра на зимските подготовки во Охрид. Од прилепчани подобар беше босанскиот тим Крупа, кој славеше убедливо со 0-3.

Крупа уште по првиот дел обезбеди водство од 0-2, а во второто полувреме стигна и до убедлив триумф (0-3). Во вториот дел, Цветаноски не успеа да искористи пенал за прилепскиот прволигаш.

Претходно, Победа загуби од Спартак Суботица (1-3) и од Борац Чачак (1-3), а подготовките ги започна со реми без голови против македонскиот второлигаш Новаци.

Се вчитува...