Вториот натпреварувачки ден на Светското јуниорско првенство во Италија донесе победа за македонскиот кикбоксер Калин Бабоски.
Тешки предизвици, но и огромно искуство за македонските кикбоксери на вториот натпреварувачки ден кој беше исполнет со силни емоции и спортска несреќа.

Калин Бабоски забележа одлична победа и покажа врвна форма на борилиштето. Останатите наши репрезентативци претрпеа порази, но оставија одличен впечаток. Андреј Смилевски загуби за влакно во максимално неизвесна борба каде пресуди само моментното неискуство, додека неговата физичка подготвеност беше на највисоко ниво.

Вистинска спортска неправда доживеа Петар Илковски, кој имаше одлична борба, но во втората рунда претрпе повреда откако му излезе рамото. Наместо повредата да биде санирана во самиот ринг, докторите инсистираа да го извадат надвор од борилиштето за да му го наместат рамото, што според правилата значеше автоматски пораз во меч кој беше негов.
Своите настапи со пораз ги завршија и Иван Кукуновски, Андријано Димишковски, Туркер Исмаил и Милан Нешевски, кои храбро се бореа до последната секунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
