Победа за Глигорова, огромна неправда за Тасева на Светското кикбокс првенство (ФОТО)

Нова победа за македонските кикбоксери на Светското јуниорско првенство во Италија, овој пат за Драгица Глигорова.

Со тоа Глигорова ги продолжува борбите на светскиот шампионат, во битка и за медал.

Антонија Тасева, пак, доживеа вистинска судиска неправда. Иако требаше службено да ја добие борбата бидејќи противничката немаше соодветна опрема со маркица на себе, а согласно натпреварувачкото правило ако не се комплетира во рок од две минути следи дисфалификација, сепак и по четири минути без реакција на канадската кикбоксерка и беше дозволен настап, а потоа и фаворизирана на рингот поради претходната реакција од македонскиот табор кон судиите.

Колку за компарација, Македонија, претходно во два наврати на светските првенства останала без победа поради истата причина.

Тасева неправедно остана без победа

Македонската кикбокс федерација протестираше и до повисоките натпреварувачки органи на првенството, но и покрај тоа што беше признаено дека се работи за судиска грешка, сепак конечниот победник не беше променет.

„Нашата борба не е само во рингот, ние се бориме и со нашето министерство кое подолг период отворено не дискриминира, и со финансиите за да стигнеме до тука на светските собири, па сега и со судиите на самите првенства“ – ни изјавија од македонската кикбокс федерација.

Се вчитува...