Победа за Манасков, пораз за Прибак на стартот од ЛШ

Дејан Манасков со тимот на Веспрем славеше победа против Кјелце со 29-27 и ги прокнижи првите бодови на стартот од групната фаза во Лигата на шампионите.

Унгарскиот првак ја искористи предноста на домашниот терен и преполовеноста на Кјелце кој поради приблемите со повредите, во Веспрем допатува само со 12 ракометари, но сепак до победата стигна многу потешко од очекуваното.

Веспрем беше во предност во поголем дел од натпреварот. Полскиот првак во првото полувреме колку-толку држеше чекор и не му дозволи на домаќинот да се одлепи со повеќе од три гола предност. Веспрем на одмор замина со минимална преднсот од 14-13.

Унгарскиот првак ја одржуваше предноста и во второто полувреме, но наиде на неочекувано силен отпор од Кјлеце. Талант Душебаев и со преполовен тим успеваше да му парира на Љубомир Врањеш и на Веспрем во полн состав.  Но, Кјелце сепак, немаше сили за сензација и на крај веспрем очекувано славеше победа.

Манасков не доби шанса на овој меч покрај ефикасниот Мануел Штрлек кој запиша пет од пет на лево крило и заедно со Драган Гајиќ кој постигна шест гола беа најефикасни во составот на Веспрем. Кај Кјелце листата на стрелците ја предводеше Алекс Душебаев со 10 гола.

Во дуелот од групата Ц, турскиот првак Бешикташ на домашен терен беше поразен од Татран Прешов со 22-28. Немања Прибак постигна два од два за Бешикташ, во чиј состав најефикасни беа Рамазан Доне и Толга Озбахар со по четири погодоци. Кај Татран пак, по четири гола постигнаа Бруно Буторац и Јанус Лапајне.

Се вчитува...