Кошаркарската репрезентација на Србија стигна до утешна победа над Соединетите Американски Држави со 94-89 во мечот за пласман од 5. до 8. позиција на Светското првенство во Кина.
Србија одлично го отвори мечот, предводена од Богдан Богдановиќ кој натпреварот го отвори со 4/4 за тројка, а цела српска репрезентација имаше неверојатни 8/10. Од друга страна САД постигна само 7 поени, што е најмалку во историјата на Светските шампионати на американскиот тим. Претходнио, најслаб учинок на Американците беше во 2010. година кога против Бразил во последната четвртина уфрлија 9 поени. Во вториот период улогите се сменија. Американците почнаа да погодуваат од секоја позиција, а Србија имаше проблем со реализацијата, по што на полувреме се замина со само четири поени предност за Србите (44-40).
Третата четвртина беше прва во мечот во која се играше израмнето, а по 30. минути игра Србите имаа предност од три поени 71-68. Избраниците на Ѓорѓевиќ одлично го отворија последниот период, предводени од Марјановиќ и Лучиќ во 32. минута, повторно дојдоа до двоцифрена предност (85-72). Американците успеаја да се консолидираат од шокот и да го направат мечот интересен, откако на триесет секунди до крајот намали на на минус четири (92-88). До крајот се влезе во пенал завршница, во која Србите не поктклекнаа и стигнаа до конечна победа од 94-89.
Богдан Богдановиќ со 28 поени повторно беше најдобар кај Србите, а одличен беше и Лучич со 15 поени. Кај Американците најрасположени беа Барнс со 22 и Кемба Вокер со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА