Победи за Денвер, Голден Стејт и за Торонто, историја за Јокиќ, Дурант и за Сандерс (ВИДЕО)

Српскиот центар, Никола Јокиќ го предводеше Денвер до тесната победа од 103-99 над Мајами реализирајќи го 20. трипл-дабл сезонава со што влезе во историјата на НБА лигата. Стана третиот најмлад играч кој постигнал 20 трипл-дабл учиноци.

Пред него се само Оскар Робертсон и Меџик Џонсон кои до ваквото постигнување дојдоа на 22 години.  Јокиќ има 23. Денвер го држи лидерското место во Западната конференција со биланс од 27/12.


27 победи во досегашниот тек од сезоната има и шампионот Голден Стејт кој е на втората позиција на Запад бидејки има два порази повеќе од Денвер. Голден Стејт ноќеска славеше на домашен терен над Њујорк со 122-95. Клеј Томпсон го предводеше актуелниот првак со 43 поени, постигна седум тројки.


Кевин Дурант уфрли 24 поени, потпросечна поентерска вечер имаше Стеф Кари со само 14 поени. Со поените постиганти против Њујорк, Дурант стана само деветтиот играч во НБА историјата кој постигнал  20 000 поени, 5000 скока, 3000 асистенции и 900 блокади.

За разлика од Денвер и Голден Стејт, третопласираниот тим на Запад, Оклахома не ја продолжи победничката серија. Беше изненадена од Минесота со 119-117, а Расел Вестбрук во финишот пропушти две шанси со тројка да го одведе неговиот тим до успех. Овој триумф е особено важен за новиот тренер на Минесота, Рајан Сандерс. Синот на легендарниот Филип Сандерс е најмладиот  тренер кој водел екипа во НБА лигата. Сандерс има 32 години.


Најслабиот тим во Западната конференција, Феникс со неверојатен пресврт во дуелот со Сакраменто конечно ја прекина лошата серија од шест последовни порази и славеше со  115-111. Во тимот на Игор Кокошков не беше Девин Бакер, но дури шестмина играчи имаа двоцифрен број поени, а лидер беше Кели Обре со 26 коша.


Во источната конференција, Торонто и Милвоки постојано се менуваат на првото место. Канадскиот состав е сега водечки, по победата над Атланта со  104-101. Торонто има за нијанса подобар процент на успешност од Милвоки. Екипата што ја предводи Каваи Ленард е со биланс 31/12, а Милвоки е на 28/11. Ленард повторно беше лидер во успехот на Торонто, постигна 31 поен.

Се вчитува...