Победничка….

Убава фотка…Прекрасна. И нека се множат вакви моменти.

Македонската фудбалска репрезентација оствари голем триумф (0-1) против Израел на гости во седмото коло од квалификациите за пласман на СП во Русија. Ова е најголемиот скалп што Македонија воопшто го земала на гости во историјата.

Блесна Гранде Пандев со погодок во 73.минута, а Елиф Елмас покажа дека е вистински бисер, со навремена асистенција. Сите беа одлични, а селекторот Игор Ангеловски за првпат ги имаше на располагање сите фудбалери, вклучувајќи и дел од младите репрезентативци кои беа дел од Европското првенство во Полска за фудбалери до 21 година.

Нека се множат ваквите фотки!

Се вчитува...