Почеток на една нова ера: Меси дебитираше во дресот на ПСЖ (видео)

Лионел Меси почна ново поглавје во својата фантастична кариера откако Аргентинецот вечерва дебитираше за ПСЖ на гостувањето против Ремс.

Тренерот Покетино го остави Меси на клупата поради недоволна физичка подготвеност, но потоа во 66. минута гостинските фанови со еуфорија го дочекаа влегувањето во игра на нивниот нов миленик кога влезе во игра на местото на Нејмар.

Во моментот на измената ПСЖ имаше водство од 0-2 со двата гола што ги постигна Килијан Мбапе.

Се вчитува...