Почина Чиро Блажевиќ!

По долга и тешка борба со карциномот, утрово во Загреб почина едно од најголемите фудбалски имиња во Хрватска и балканскиот регион, легендарниот Чиро Блажевиќ!

Ден пред својот 88-ми роденден, „тренерот на сите тренери“, како што го нарекуваа Хрватите“, засекогаш го напушти овој свет по долгата и измачувачка борба со карциномот на простатата.

Блажевиќ засекогаш ќе остана запаметен како тренерот кој ја однесе Хрватска до светска бронза во 1998 година. Зад себе ја остави сопругата Зденка со која има три деца, ќерките Барбара, Катерина и синот Мирослав.

Роден е во Травник, БиХ, во 1935 година во сиромашно семејство со вкушно шест браќа и сестри. Во Травник ја почнал и фудбалската кариера, а потоа се пресели во Динамо Загреб. Играше и за Локомотива, Ријека, Сараево и Сион, а играчката кариера ја заврши во швајцарски Моутие во 1966 година.

Чиро ја однесе Хрватска и на првото големо натпреварување, ЕП 1996 година во Англија, а потоа и донесе на Хрватска бронза на СП 1998, запишувајќи се во историјата на хрватскиот фудбал. „Коцкестите“ ги водеше вкупно шест години за да 2001 година стане селектор на Иран.

Следеше ново враќање во Хрватска, го спаси Осијек од испаѓање, а потоа по четврти пат се врати на Максимир. Следеа епизоди со словенечка Мура, Вараждин, а во 2005 година го презеди и Хајдук. Швајцарски Ксамакс беше негова следна дестинација, за да по Загреб ја преземе и селекцијата на БиХ со која не успеа да се пласира на СП 2010. Ја водеше и Кина, водечкиот клуб во оваа земја, Шангај Шеншуи, како и кинеската олимписка репрезентација. Во завршната фаза од тренерска кариера по вторпат го тренираше Загреб, потоа и тузланска Слобода, за да тренерскиот пат го заврши со Задар во 2015 година.

Се вчитува...