Почина Дејвид Штерн, таткото на модерната НБА лига

Легендарниот комесар на НБА лигата, Дејвид Штерн почина денеска како последица на претходно доживеан тежок мозочен удар.

Штерн, кој почина на 77 години, беше најдолговечниот комесар на НБА лигата, од 1984 до 2014 година. Се смета за татко на модерната НБА лига. Под негово водство НБА лигата од лига со 23 тима, која се бореше со тежок финансиски минус, стана пребогата лига со 30 тима која е убедливо најдобра во светот и денеска со заработка од околу пет милијарди долари годишно.

Дипломираниот адвокат се залагаше за популаризација на НБА и надвор од САД, и во последната декада успеа во тоа договарајќи ТВ преноси во 200 светски земји на 49 различни јазици.

Се вчитува...