Почина фудбалерот кој прв се најде на сликичка на „Панини“

На 82-годишна возраст почина поранешниот италијански репрезентативец и фудбалер на Интер, Бруно Болчи. Болчи ќе остане запаметен како фудбалер кој прв се најде на сликичка на Панини на 27. август 1961 година.

Најмногу успех имаше во Интер, за кој одигра 109 натпревари и постигна 10 голови. За италијанската репрезентација играше четири пати, а како тренер смени многу клубови во својата татковина. Неговиот последен клуб беше Месина во 2007 година.

 

Се вчитува...