Почина големата тениска легенда Маноло Сантана

Легендарниот шпански тенисер Маноло Сантана почина денеска на 84-годишна возраст, објави мадридскиот весник „Марка“, по што од тенискиот великан преку социјалните мрежи се простија бројни големи асови на „белиот спорт“.

Маноло Сантана беше најдобар светски тенисер во 1965 година, а шпанскиот великан една година подоцна стигна и до својот единствен трофеј на Вимблдон. Покрај тоа, тој има освоено и две титули на Ролан Гарос (1961 и 1964) и еден трофеј на УС Опен (1965 година).

Тој долги години беше и селектор на Дејвис-куп репрезентацијата на Шпанија, а името на Маноло Сантана го носи и централниот терен на кој се игра Мастерс-турнирот во Мадрид.

Се вчитува...