Двократниот НБА шампион и член на „Куќата на славните“, Бил Валтон го загуби својот живот на 71-годишна возраст по боледување од рак, објави НБА лигата.
Валтон во НБА кариерата настапуваше за Портланд, Сан Диего/Лос Анџелес Клиперс и Бостон завршувајќи ја 11 годишната кариера со два шампионски прстени, но и две признанија за најкорисен играч за плеј-офот во сезоната 1977 и регуларниот дел од сезоната во 1978 година. По крајот на кариерата рабоеше и како коментатор.
RIP Bill Walton. Legend. pic.twitter.com/Zl7hUdngmu
— Barstool Sports (@barstoolsports) May 27, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА