Почина легендарниот Порториканец, Хозе Пикулин Ортиз

Легендарниот брко Хозе Пикулин Ортиз почина во вторник, на 62-годишна возраст, по битка со рак на дебелото црево.

Тој беше еден од најголемите порторикански кошаркари, чија кариера траеше 24 години, со две децении играње за националниот тим. Својата спортска биографија ја изгради од родниот Аибонит до најголемата меѓународна сцена.

Тој беше столб на порториканската репрезентација во периодот од 1983 до 2004 година, со учество на Олимписките игри во Сеул во 1988 година, Атланта во 1996 година и Атина во 2004 година. Токму во Грција, на збогувањето, ја постигна најголемата репрезентативна победа во својата кариера, кога Порторико ја совлада американската селекција во првото коло, со тогаш 20-годишниот Леброн Џејмс.

 

Се вчитува...