Почина легендарниот српски фудбалер на кој му се воодушевуваше и Пеле

Легендарниот фудбалер на Партизан, Мустафа Хасанагиќ почина во неделата наутро на 82-годишна возраст.

Веста на социјалните мрежи ја објави српскиот великан.

„Со жалење ја примивме веста дека утрово не напушти великанот на југословенскиот фудбал, член на „бебињата на Партизан“ и легендарен напаѓач на најдобрата генерација на Партизан – Мустафа Хасанагиќ. ФК Партизан изразува искрена болка и сочувство до семејството и пријателите“, стои во соопштението на Партизан. 

Мустафа Хасанагиќ беше член на „бебињата на Партизан“ кои во 1966 година стигнаа до финалето на Купот на шампионите, каде беа поразени од Реал Мадрид во Брисел (1-2).
На патот до финалето Хасанагиќ постигна шест гола за Партизан, а своевремено и големиот Пеле знаеше да каже дека Хасанагиќ е еден од најдобрите фудбалери.

Се вчитува...