По долга борба со тешка болест денеска во Србија почина 20-годишниот фудбалер на Борац Чачак, Стефан Лазиќ.
Огромна трагедија за Чачак, по смртта на младиот Лазиќ на кого уште пред седум години му беше дијагностициран тумор на потколеницата. Во моментот кога му беше откриен туморот беше на проба во Црвена Звезда и доживеа прелом на потколеницата. По тоа имаше проблеми со повредата па по бројни детални преглади беше откриено дека боледува од малиген тумор на потколеницата.
„Се бореше храбро и достоинствено. Почивај во мир Стефан“ – се вели во објавата од Борац Чачак.
Семејството на Стефан искажа огромна благодарност до сите кои изминативе години беа вклучени во акциите за собирање средства за негово лекување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА