Почина најпознатата жена меѓу возачите, Забине Шмиц – кралицата на Нирбургринг

Легендарната Забине Шмиц, позната како кралицата на Нирбургринг, почина на 51-годишна возраст по долга борба со ракот. Во 1996 година, Шмиц стана првата жена што победи на „Нирбургринг-24 часа“, таа славеше вкупно двапати и имаше долга кариера, а потоа беше подеднакво успешна давајќи придонес за познатата емисија на „Би-Би-Си“, Топ Гир.

Оваа вест е потврдена преку официјалното соопштение на тимот, Фрикадели Расинг.

„Забине Шмиц почина по храбра борба со ракот. Таа имаше 51 година. Клаус Абелен (нејзиниот сопруг), семејството и пријателите се тажни од неизмерната загуба“, се вели во соопштението на Фрикадели Расинг, тимот што таа го основаше.

По две последователни титули на Нирбургринг, во 1998 година таа стана првата жена што го освоила ВЛН шампионатот.

„Нирбургринг ја загуби најпознатата жена меѓу возачите. Ќе ни недостасува нејзиното присуство и нејзиниот радосен лик. Почивај во мир …“, се наведува во сопштението објавено на социјалните мрежи.

Се вчитува...