Почина Петар Сканси, легендарен кошаркар на Југославија кој им парираше на големите ѕвезди на ЛОИ 1992!

Прославениот кошаркарски тренер Петар Сканси починал на 78-годишна возраст, јавуваат хрватски медиуми. Под негово водство во 1992 година репрезентацијата на Хрватска стигна до финалето на Олимписките игри во Барселона во кое „коцкестите“ беа поразени од дрим-тимот на САД, предводен од Мајкл Џордан, Лери Бирд, Меџик Џонсон и останатите НБА-ѕвезди.

Својата играчка кариерата ја започна во Југопластика каде играше од 1964 до 1972 година. Потоа една сезона мина во дресот на Скаволини, пред да се врати во Југопластика, каде три сезони беше и тренер и играч. Потоа водеше шест клубови во Италија, својот поранешен тим Скаволини, Фабријано Баскет, Венеција, Виртус Рим, Тревизо и Фортитудо Болоња. Работеше и во ПАОК, а негови последни ангажмани беа Сплит и Крка.

Како играч со репрезентацијата на Југославија Сканси освои сребро на Олимписките игри во 1968 година, злато на Светското првенство во 1970 година, сребро во 1967 и едно сребро на Европското првенство во 1965 година.

Се вчитува...