Поранешната ракометна репрезентативка на Југославија, Весна Абутовиќ Томајек, почина на 63-годишна возраст по долго и тешко боледување.
Една од најдобрите ракометарки во поранешна Југославија, својата кариера ја започна во тимот на Црвенка, а потоа замина во Сомбор, каде што доживеа целосна афирмација во тимот на „Бане Секулиќ“. Играше за југословенската репрезентација на Светското првенство во 1986 година, каде што заврши како шеста во светот, а својот најголем успех го постигна во 1990 година, кога на Светското првенство во Сеул стигна до сребрениот медал.
На првенството во Јужна Кореја, југословенската репрезентација најпрво го освои првото место во групата со домаќинот Јужна Кореја, Полска, Кина, Австрија и Германија, а потоа во финалето загуби од СССР со 24-22.
Сребрени на Светското првенство во Сеул беа: Драгица Ѓуриќ, Катица Љешковиќ, Бранка Јовановиќ, Станица Голе, Љиљана Марковиќ, Весна Абутовиќ Томајек, Весна Дурковиќ, Стана Вуковиќ, Светлана Антиќ, Олтовиќ, Татјана Пешиќ, Светлана Китиќ, Наташа Колега и Загорка Баштовановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА