Почина тренерот на Ефес кој доживеа срцев удар на тренинг

Фитнес тренерот на Анадолу Ефес, Серхат Гунеш почина по еден месец борба. На 12 мај, срцето на младиот 40-годишен стручњак застана за време на тренинг. Во тоа време, во близина беше д-р Серхан Антаљали, кој брзо интервенираше.

Срцето на Гунеш не работеше 10 минути, но по третманот на Антали, повторно почна да чука. Пристигна брза помош и го однесе во болница. Тој веднаш беше интубиран таму, а потоа информациите за неговата здравствена состојба велеа дека има напредок. За жал, по речиси еден месец, Гунеш ја загуби борбата.

Серхат имаше скромна кошаркарска кариера, а од 2016 година работи како фитнес тренер. На таа позиција во Ефес беше три години.

Се вчитува...