Почна егзодусот: Мустафица прв повлече нога и си замина од Работнички

Работнички повторно ќе се соочи со проблеми за екипирање на ростерот за вториот дел од сезонава, откако странските кошаркари веќе најавиле заминување од таборот на „центарци“. Тие поради неисплатените плати одбија да настапат на гостувањето против Еуро Никел, па иако потоа се појавија во ростерот на „црвено-белите“ сепак ќе ја искористат оваа мини-пауза за промена на клупските бои.

Прв нога повлекол босанскиот интернационалец Недим Мустафица, кој веќе ги известил и челниците на клубот и соиграчите дека не планира да се врати во Работнички. Постои сериозен интерес и за Американецот Џексон, кој прикажа одлични игри во првиот дел од сезоната, а можно е да си заминат и дел од домашните играчи, на кои очигледно им се должи исто како и на странците.

Останува и дилемата околу тренерското прашање, Тони Симиќ сосема солидно одговори на задачата со оглед на лимитираниот буџет, но навивачите на последните натпревари бараа смена на кормилото. Останува да се види дали тоа ќе се реализира или Симиќ ќе остане да ги води „центарци“ во вториот дел од оваа турбулентна сезона.

Се вчитува...