Ракометарите на дански Алборг и Пари Сен Жермен одиграа без победник 33-33 во првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.
Французите беа подобар противник во првиот дел па на пауза заминаа со позитива од 16-18. Во вториот дел Данците возвратија на ист начин, па на крајот резултатот изнесуваше 33-33. Хоксер и Кнор со по седум гола беа најефикасни кај домаќинот, додека кај гостите Соле постигна десет гола.
Во останатите мечеви во програмата од 18.45 во балканското дерби ППД Загреб беше подобар од Целје со 31-29, Кјелце славеше над Криенс 30-29, додека Веспрем беше убедлив против Порто 36-28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
