Почна Јуре Велики, заврши цела екипа – Пелистер е на еден чекор до сонот наречен трофеј (фотогалерија)

Пелистер ќе го игра второто куп-финале во клупската историја, прво по пауза од 15 години со јасна цел – конечно да се стигне до првиот трофеј во витрините на битолскиот кошаркарски колектив.

Јуре Планиниќ одигра извонредно прво полувреме, а штом доби помош од соиграчите „пелистерци“ успеаја да се одлепат и да си го трасираат патот до финалето.

Пелистер е на еден чекор до сонот наречен трофеј, но последниот предизвик е оној најтешкиот, да се победи бранителот на трофејот МЗТ Скопје во големото финале што на програмата е утревечер во 18 часот.

Се вчитува...