Италијанскиот калчолигаш Наполи подготви понуда за аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди кој се наоѓа во „клинч“ со раководството на Интер. „Наполитанците“ му нудат 9 милиони евра по сезона на одличниот напаѓач, плус дополнителни 2 милиони евра како бонуси за евентуални успеси со клубот.
Икарди ја загуби капитенската лента, а неколку меча е надвор од составот на Интер поради пропаѓањето на преговорите за обновување на договорот. Неговата сопруга, а воедно и фудбалски агент при преговорите, Ванда Нара, постави ултиматум до челниците на Интер, на што тие одговорија со одземање на лентата.
Ситуацијата излезе од контрола кога Икарди објави дека е повреден и најави дека ќе замине на операција. Наполи сака да ја искористи оваа состојба и на лето да го доведе во Неапол. Сепак, во сериозна трка се и Јувентус и Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА