Почна предвреме да „кука“, а можеше да спречи погодок во својата мрежа (ВИДЕО)

Се чини дури и фудбалерите од пониските лиги во Англија не се навикнати на кал на терените. Фудбалерите на Вокинг лесно можеа да избегнат пораз доколку им беше малку поприбран нивниот дефанзивен играч.

При 2-2, фудбалерите на Маклесфилд беа во напад. Тајрон Марш го совлада голманот на Вокинг, но топката во калта застана непосредно пред гол линијата. Домашниот дефанзивец откако виде дека топката се движи кон голот застана, почна да „кука“ предвреме, се држеше за глава а покрај него протрча гостинскиот напаѓач Дани Вајтхед и постигна победнички гол…

Се вчитува...