Почна вистинскиот хаос во Челси: Егзодус на фудбалери, веќе најава за седум заминувања од тимот!

Англиските власти, како што е познато, го замрзнаа комплетниот имот на Роман Абрамович, му забранија тргување со поединци и компании во Велика Британија и доби забрана за патувања. Еден е од седум руски олигарси кои се стави под посебни санкции од Велика Британија поради руската инвазија на Украина.

Токму поради тоа во Челси владее вистински хаос. Клубот е со замрзнати сметки, а неколку спонзори веќе ја прекинаа соработката поради што веќе се соочува и со сериозна финансиска криза.

Веќе се пренесува дека почна и егзодусот на фудбалери од тимот кој веднаш активирале контакт со бројни европски клубови кои заинтересирано ја следат ситуацијата на „Стемфорд бриџ“.

Според најавите, егзодусот на фудбалери во Челси веќе почнал. Ромел Лукаку наводно веднаш се договорил за враќање во Интер, а Жоржињо, еден од најдобрите фудбалери во 2021 година, активирал контакти за трансфер во Јувентус од јуни. Со Жоржињо во Торино би можел и бекот Емерсон Палмери кој е на позајмица во Лион.

Како слободни фудбалери, веќе од сега се знае дека од клубот секако заминуваат Антонио Рудигер во Реал Мадрид или во ПСЖ, како Маркос Алонсо, Цезар Аспликуета и Андреа Кристенсен кои се поврзуваат со Барселона.

Се вчитува...