Почна заминувањето на кошаркарите од Охрид: Младеновиќ потпиша за Гостивар

По повлекувањето од тренерската функција на Марјан Илиевски во Охрид стартуваа и заминувањата и на кошаркарите од охридскиот прволигаш. Плејмејкерот Марјан Младеновиќ и официјално потпиша договор со екипата на Гостивар за која ќе настапува следнава сезона.

Младеновиќ одби неколку понуди во текот на летово прифаќајќи да стане дел од новиот проект на АВ Охрид, но по повлекувањето на досегашниот финансиер, екс-плејмејкерот на Блокотехна се договори за трансфер во Гостивар. Со ангажманот на Младеновиќ, Гостивар комплетираше одличен плејмејкерски тандем, со оглед на фактот дека „сино-белите“ веќе во своите редови го имаат Александар Костоски.

Од друга страна, пак, КК Охрид се очекува и следната сезона да остане во прволигашкото друштво по најавата дека Општина Охрид ќе го преземе финансирањето на клубот. Целокупната разврска се очекува деновиве.

Се вчитува...