Кошаркарките на Бадел го растурија ривалот Вардар со преубедливи 95-50 на стартот од Супер-лигата во женска конкуренција. „Баделки“ не само што го потврдија епитетот на фаворит на денешниот меч, туку со играта прикажана во „Кале“, покажаа зошто и сезонава се меѓу главните кандидати за шампионската титула.
Бадел доминираше од самиот почеток, ја доби првата четвртина со 17-23, а потоа на одмор замина со двоцифрени „плус дванаест“ (26-38). Одличното издание на гостинките од Кисела Вода продолжи во второто полувреме, во кое го декласираа противникот до конечните 45 поени разлика.
Александра Стојановска постигна 34 поени за победничкиот тим, Нена Трајчевска доминираше под обрачите со 20 поени и 17 скокови, додека кај Вардар најефикасни беа Петрушевска со 14 и Подунавац со 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА