Почнува плејофот во женската кошаркарска лига

Со натпреварот во кој ќе се сретнат екипите на Вардар и на Пробаскет, денеска почнува и оној главен дел од сезоната – плеј-офот за шампионската титула во женската елитна конкуренција.

Осум екипи, од кои две се стекнаа со право за настап преку бараж-натпреварите (Пробаскет и Патриот 2016), стартуваат со четвртфиналните серии, според принципот „подобар во три натпревари“.

Титулата ја бранат кошаркарките на Баскет кам 2011 кои во првиот круг од елиминациите за противник го имаат новиот член на Првата „А“ лига за наредната натпреварувачка сезона  – делчевски Патриот 2016.

А натпреварувањето вечерва, од 18.часот, ќе го отворат екипите на Вардар и на Пробаскет. „Вардарки“ влегуваат во серијата како фаворити. Не само поради подобриот рејтинг, туку и поради фактот дека екипата од Кавадарци за кратко време одигра неколку натпревари, вклучително и оние во баражот каде беа подобри од штипска Тим Арена.

Во викенд термините, поточно во сабота, следуваат и првите мечеви во сериите во кои ќе разигруваат Куманово-Гризли и Бадел 1862 (сала „Перо Наков“ во Куманово, од 19.часот) односно екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Крива Паланка (од 11.часот, во салата „Независна Македонија“) .

Својот прв плеј-оф натпревар бранителот на титулата го закажа за 23.април (вторник), во 19.часот, пред своите гледачи во салата „Кирил и Методиј“ во  Македонска Каменица.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ПЛЕЈ-ОФ

ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

18.АПРИЛ (ЧЕТВРТОК)

18.00: Вардар – Пробаскет

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/oMJfqObzYN8?si=KM5OKXMSFoXNlgch

20.АПРИЛ (САБОТА)

11.00: МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/_XWUlP6EylU?si=HzUYuup1-N6OxGn0

19.00: Куманово-Гризли – Бадел 1862

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/qZGh5JgbJ3s?si=m3QynhI_1D-hrSgN

23.АПРИЛ (ВТОРНИК)

19.00: Баскет кам 2011 – Патриот 2016

Сала „Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица

Се вчитува...