Почнува „ремонтот“ во ПСЖ: Го продаваат Нејмар, цената преполовена

По елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, во ПСЖ се чини ќе има голем летен ремонт. Некои фудбалери ќе мора да си заминат, некои ќе дојдат, а од онои кои ќе си одат веројатно ќе биде и Килијан Мбапе и ќе продолжи во Мадрид, во таборот на Реал.

Сепак, денеска во француските медиуми се шпекулира дека од Париз ќе замине и бразилскиот ас Нејмар. Нејмар беше купен од Барселона за 222 милиони евра во 2017 година, но и натаму не може да го поведе тимот кон единствената цел – титула во Лигата на шампионите. Бразилецот често беше повреден, некогаш дури и сомнително повреден. Чашата се прелила по мечот со Реал во кој Бразилецот не одигра како што се очекуваше. После тоа имаше шпекулација дека се степал со голманот Донарума, но потоа сето тоа беше демантирано.

Според информациите, цената која ПСЖ ќе ја бара за Бразилецот изнесува 100 милиони евра, или пола од она што беше платено пред пет години.

Покрај повредите, Нејмар имаше и чести отсуства поради ноќни излети во Барселона, потоа во Бразил, а исто така е чудно што секогаш е повреден кога е роденден на неговата сестра и секогаш е во својот роден Бразил.

Бразилецот речиси секој преоден рок е поврзуван со враќање во Барселона, а неодамна кажа дека сака да се проба и во МЛС Лигата.

Се вчитува...