Се е подготвено за почетокот на светскиот шампионат во кошарка што денеска стартува во Кина, прв по пауза од цели пет години кога САД во големото финале славеше над Србија. Американците допатуваа со НБА-кошаркари за да ја бранат светската круна, но општ впечаток е дека селекторот Попович нема на располагање тим што е „страв и трепет“ за ривалите.
Впрочем, поразот во подготовките од Австралија беше прв по серијата од 78 победи, а бројните отсуства во американскиот состав и фактот дека Кемба Вокер сега е прва „ѕвезда“ во тимот доволно говори зошто останатите посериозни селекции се надеваат на скалпот на големиот фаворит.
Србија играше одлично во текот на подготовките и се наметнува како главен конкурент на Американците, но за златото сонуваат уште неколку врвни селекции. „Кенгурите“ од Австралија и без помошта на Бен Симонс покажаа дека се сериозна репрезентација, Грција ќе биде предводена од Јанис Адетокумбо, кој сезонава беше избран за МВП во НБА-лигата, додека Шпанија и без неколку стандардни играчи (Родригез, Гасол, Миротиќ) се уште има сериозен состав.
Едно е сигурно, од денеска па се до 15 септември ќе можеме да проследиме врвна кошарка во едно од најнеизвесните светски првенства во последните дваесетина години.
ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА
9.30 Англија – Србија
10.00 Полска – Венецуела
10.30 Иран – Порторико
10.30 Русија – Нигерија
13.30 Италија – Филипини
14.00 Кина – Брег на Сл. Коска
14.30 Аргентина – Ј. Кореја
14.30 Шпанија – Тунис
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА