Се е подготвено за стартот на последниот гранслем турнир за оваа календарска година, УС Опен во Њујорк кој годинава ќе се игра за награден фонд од 108 милиони долари.Шампионите во машка и во женска конкуренција ќе се вратат дома со по 5,5 милиони долари, на поразените во финалињата ќе им припаднат по 2,8 миилиони долари, доволна причина за врвен тенис во наредните две седмици во Њујорк.
Карлос Алкараз ќе ја има улогата на бранител на трофејниот по ланската победа во финалето над Јаник Синер, кој поради повреда годинава воопшто не допатува во американската метропола. Главна дилема е колку ќе биде подготвен Алкараз ако се знае дека Шпанецот четири месеци беше надвор од терените, ги пропушти Ролан Гарос и Вимблдон, но најавува дека е подготвен за атак на нов гранслем трофеј во Њујорк.
Својата шанса од позадина ќе ја чека Новак Ѓоковиќ, српскиот великан не се откажува од сонот да стигне до 25. гранслем пехар во кариерата, а во ситуација кога Алкараз не е на 100%, а Синер воопшто не игра, ова се чини како идеална шанса за Ноле да си ја оствари големата желба.
Во женска конкуренција трофејот ќе го брани Арина Сабаленка, која во ланското финале славеше на Анисимова со 2-1 во сетови. Сабаленка се наоѓаше во катастрофална форма на последните турнири, па останува да се види дали првата носителка ќе успее да најде излез од големата криза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
