Почнува Втората лига: Академија Пандев му гостува на Новаци

Седум дена подоцна од првично предвиденото, а на барање на неколку клуба кои бараа шанса подобро да се подготват за пролетните искушенија поради екстремните зимски услови кои ги имаше во изминатиот период, а ги нарушија подготовките, денеска конечно ќе почне вториот дел од сезоната и во Втората фудбалска лига на Македонија.

Тимот на Академија Пандев, кој е лидер на табелата со завидна предност по 14 одиграни кола, дури 11 повеќе од второпласираниот Скопје,  денеска во 14 часот ќе биде гостин на Новаци. Ова секако е најинтересниот од четирите меча кои се закажани за денешниот ден.

Тетекс ќе го пречека Скопје, Велазерими ќе биде домаќин на Вардар Неготино, додека Металург ќе ги одмери силите со Еуромилк. В среда ќе се игра мечот меѓу Х. Турново и Тиквеш.

ВТОРА ЛИГА, 15.КОЛО (14 ч.)

НОВАЦИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

ТЕТЕКС – СКОПЈЕ

ВЕЛАЗЕРИМИ 77 – ВАРДАР НЕГОТИНО

МЕТАЛУРГ – ЕУРОМИЛК

Се вчитува...