Почувствуван „Јарталсволур“ во Рејкјавик: Одработен официјалниот тренинг (ВИДЕО)

Македонските репрезентативци го почувствуваа вечерва стадионот „Јарталсволур“ во Рејкјавик каде утре ќе се одигра натпреварот од 5. коло во квалификациите за СП 2022 со домаќинот Исланд.

Избраниците на Благоја Милевски го одработија официјалниот тренинг, подготвувајќи се за уште едно тешко гостување во кое ќе се атакува на бодови.

Позитивно расположение во националниот тим, нагласено и со вербата на фудбалерите дека може да дојдат до позитивен резултат…, и покрај значајно поразличните временски услови кои владеат на Исланд, во однос на балканските простори.

Се вчитува...