Македонската кошаркарска јавност ја препозна важноста на она што го прави ТФТ во АБА2 лигата, па вечерва во салата „Градски парк“ можеа да се забележат бројни познати лица, од Марин Докузовски, преку Војдан Стојановски, Александар Костоски, Ѓорѓи Чекоски, Алек Јончевски, Кире Николовски и уште многу други… кои ги поддржаа „црно-белите“ во големиот триумф над Сутјеска.
Меѓу нив, во преден план – Перо Антиќ, најдобриот македонски кошаркар на сите времиња седеше крај самата аут-линија, поддржувајќи ги „црно-белите“ од Тафталиџе на патот до ова историско финале.
Станувајќи при секоја атракција, давајќи поддршка кога ТФТ грешеше, Антиќ покажа дека иако веќе не е на чело на федерацијата, се уштее тука за клубовите, макар и како морална поддршка во клучните битки на меѓународната сцена.



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

