Подиум за “PSS Racing” на втората трка во Словачка

Тимот на PSS Racing го комплетираше одличниот настап викендов во Словачка откако во втората трка стигна и до првиот подиум сезонава во европското првенство во автомобилизам за возила со ТЦР хомологација.

Франко Џиролами е возачот кој го оствари овој одличен успех, освојувајќи го третото место на денешната трка. Неговиот клупски колега Виктор Давидовски ја освои 18. позиција, што беше недоволно за бодови на втората трка.

Џиролами ја стартуваше трката од петтото место, а Давидовски од 17, место. Џиролами стартуваше извонредно, набрзина се најде на втората позиција, за да во петтиот круг беше минат од Микел Аскона. Возачот на PCC Rаcing до крајот успеа да се задржи на третото место, за место на подиумот и нови 30 бодови во шампионатот.

Се вчитува...