Тетовска Шкендија сосема очекувано е 15-от патник во осминафиналето од Купот на Македонија.
„Црвено-црните“, иако со комбиниран состав, без никакви проблеми попладнево славеа со 0-2 на гостувањето против второлигашот Гостивар. Творец на победата беше Бесарт Абдурахими кој најпрво погоди во 34. минута, а потоа во 39. минута одлично асистираше за Зејнулаи кој ги постави конечните 0-2.
Шефот на стручниот штаб Ќатип Османи се одлучи на мечот шанса да им даде на голем дел помлади фудбалери кои се со помала минутажа во шампионатот.
Последниот патник во осминафиналето ќе се знае утре, по натпреварот меѓу Локомотива и Вардар кој се игра од 16:30 часот. Претходно, место во осминафиналето обезбедија Работнички, Скопје, Пелистер, Академија Пандев, Силекс, Победа, Шкупи, Ренова, Борец, Тетекс, Брегалница, Кожуф, Еуромилк ГЛ и Струга Трим Лум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА